Од понеделник 10. јуни, јавниот превоз ќе сообраќаат по летен возен ред, информираат од ЈСП.
Поради завршувањето на учебната година, бесплатните билети за учениците нема да важат за време на летниот распуст. Бесплатните билети на учениците од основните училишта ќе важат до 10 јуни, а на средношколците до 20 јуни.
„ ЈСП Скопје нуди можност основците и средношколците (не важи за средношколците кои сега завршуваат четврта година) по повластени цени да купат месечен билет за јули и август по цена од 600 денари за еден месец. За купување т.н. сезонски билет за ученици, неопходно е лицето да приложи потврда дека е ученик и да достави книшка на увид. Бесплатните студенстки билети ќе важат и за време на летото“, се вели во соопштението.