КИНОТЕКА: “8 МИНУТИ И 19 СЕКУНДИ”

Сподели

 

КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА, “8 МИНУТИ И 19 СЕКУНДИ”, 11 ЈУНИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

Специјална проекција на најдобриот долгометражен филм според публиката на 9 Филозофски Филмски Фестивал

8 МИНУТИ И 19 СЕКУНДИ

(8’19’’ / 8 минути и 19 секунди)

Игран филм, Бугарија

2018, 85 мин., колор, ДСП

Режија: Петaр Валчанов, Љубомир Младенов, Теодор Ушев, Надежда Косева, Владимир Љуцканов, Кристина Грозева (Петър Вълчанов, Любомир Младенов, Teодор Ушев, Надежда Косева, Владимир Люцканов, Кристина Грозевa)

Сценарио: Георги Господинов

Улоги: Светлана Јанчева, Иван Барнев, Цветан Алексиев (Светлана Янчева, Иван Бърнев, Цветан Алексиев)

Омнибус филм базиран на кратките раскази на најпреведуваниот современ бугарски писател Георги Господинов, режиран од шест различни режисери од Бугарија.

Во оној момент кога ќе почнете да го гледате овој филм, сонцето можеби веќе згаснало, но вие сè уште нема да го знаете тоа бидејќи 8 минути и 19 секунди е времето за кое ќе пристигне веста за неговата смрт. Тоа е времето што ѝ е потребно на светлината да стигне дотука, а потоа ќе настапи темнината…

Темата на апокалипсата не мора да биде прикажувана преку глобална катаклизма, коњаници на апокалипсата, ангели на смртта, оган и деструкција. Крајот на светот може да биде многу лична работа, интимно и безмалку нечујно човечко искуство.

Наративниот мозаик на 8 МИНУТИ И 19 СЕКУНДИ ќе ги постави стожерните точки на овој исклучителен омнибус филм: чувството на смртноста, миговите пред самиот крај, нашето неизвесно постоење и стравот што доаѓа од сознанието за сето тоа.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: бесплатен влез