ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 12 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 32 степени.

Времето во наредните денови ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ и натаму ќе продолжи периодот на топло време. Особено топло се очекува од средината на наредната недела. Локално во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на град.