Протест на сопствениците на педалинки во Струга

Сподели

 

Во Струга сопствениците на педалинки протестираа и бараа да се почитува одлуката на мнозинството советници во Советот на општината ова лето да нема забрана за паркирање и издавање на педалинки.

Со механизација и полициска асистенција во обид да ги тргнат педалинките тие ги турнаа во вода и ја одложија акцијата.Засегнатите граѓани велат дека секојдневно имаат вербални расправии со инспекторите се жалат дека педалинките им  биле оштетувани и опожарувани .

Комуналните инспектори велат дека во петокот бил направен записник во кој е констатирано дека сопствениците на педалинките немаат соодветна дозвола ниту пак поседуваат одобрение за работа.

Градоначалникот на Струга Мерко најави дека нема да дозволи педалинки на брегот на езерото, бидејќи не се безбедни.