МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 12 до 18, а дневната од 24 до 35 степени.У В-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје, слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 33 степени. И утре во попладневните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од четврток ќе преовладува стабилно и многу топло време со максимални температури кои на повеќе места ќе надминат 35 степени.