Министерството за внатрешни работи од утре ќе започне со издавање нови регистарски таблички со ознаката „NMK“. Замената на старите регистарски таблички со новите ќе се врши постепено при регистрација на автомобилите.
По официјализирањето на договорот за името, возилата што излегуваа од земјава, на граничните премини добиваа бесплатна налепница со новата кратенка.
Сеуште нема прецизен датум кога ќе почне постапката за издавањето нови патни исправи. Обврската за замена на старите со нови лични документи, во согласност со спогодбата од Преспа, изнесува пет години од стапувањето во сила на уставните измени.