Кејт Брнс e нова амбасадорка на САД во Република Северна Македонија

Сподели

 

Кејт Мери Бирнс положи свечена заклетва како нова амбасадорка на САД во Република Северна Македонија.

Брнс е амбасадорка од кариера и доаѓа од Атина каде што ја вршеше функцијата заменик амбасадор на САД во Грција од септември 2017 година.

Претходно таа била заменик-шеф на мисија и заменик- постојан претставник на Мисијата на САД во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Виена, Австрија.

За време на нејзината кариера, била советник за односи со јавност во Амбасадата на САД во Мадрид, била виш цивилен претставник на Одделот за државни функции во оперативната група Бастон/Бронко во Авганистан.

Работела како советник за јавни работи во Мисијата на САД во НАТО во Брисел, Белгија, од 2007-2010 година. Таа исто така ги претставувала интересите на САД во Шпанија, Боливија, Унгарија и Турција.

Нејзиното именување го коментираше и в.д. помошник-секретарот за европски и евроазиски прашања, Филип Рикер. Тој истакна дека амбасадорката Брнс ќе ја води новата ера на билатерална соработка како пријатели и сојузници на Република Северна Македонија.

На церемонијата присуствуваа пријатели, семејството, колеги и неколку поранешни амбасадори во нашата земја.

Инаку, Брнс доаѓа на местото на Џес Бејли, кој од функцијата замина во март годинава.