Меѓународната хуманитарна организација Лекари без граници нема повеќе да ја прифаќа финансиската помош од Европската Унија и земјите-членки во знак на протест поради нејзината политика кон мигрантската криза.
Во соопштението на организација се наведува дека во знак на протест поради „срамната политика на заплашување и засилените напори за да се одвратат луѓето од европскиот брег“, Лекари без граници нема да примаат донации од ЕУ. Организацијата се противи на договорот меѓу ЕУ и Турција за запирање на бранот бегалци.
Минатата година Лекари без граници од од институциите на ЕУ и од земјите-членки доби 56 милиони евра.
„Лекари без граници“ одбива финансиска помош од ЕУ поради третманот на мигрантите