Национална конференција за унапредување на правата на ЛГБТИ-заедницата

Сподели

 

Во организација на Министерството за труд и социјална политика и во соработка со Советот на Европа денеска почнува дводневна национална конференција за унапредување на правата на ЛГБТИ-заедницата во Северна Македонија, во Клубот на пратениците во Скопје.

На официјалното отворање на конференцијата, како што е најавено, ќе се обратат министрите за труд и социјална политика, за внатрешни работи и за здравство, Мила Царовска, Оливер Спасовски и Венко Филипче, како и раководителот на СОГИ-одделот во Советот на Европа Елени Цецеку и копретседавачот на ЕРА, Билјана Гинова.