Одбиена екстрадицијата на Груевски – од судот ќе излезе како слободен граѓанин

Сподели

 

Унгарските медиуми објавувија дека Судот во Будимпешта, Унгарија го одбил барањето на македонското Министерството за правда за екстрадиција на азилантот, екс-премиерот Никола Груевски.

Како образложение било дадено дека условите за екстрадицијата не биле исполнети.

Груевски во судот беше донесен со лисици на рацете, но тоа е заради тоа што тој претходно бил во екстрадициски притвор, но сега од судот ќе излезе како слободен граѓанин, бидејќи Унгарија реши да не и го испорача на Македонија.