МАНУ: Започна Охридската школа по природно право

Сподели

 

Во Научниот и уметничким центар “Куќа на Уранијa” – МАНУ,  во Охрид, денеска започна трдиционаланата, годинава петта по ред, Охридска школа по природно право, која ќе трае до 7 јули., како дел од традиционалната манифестација – Научната и уметничка визита на МАНУ – Охрид 2019 .

 

На годинешната школа ќе се дискутира за „Предизвиците во реформата на правниот, политичкиот и безбедносниот систем во Република Северна Македонија“.

На отворањето на Охридската школа по природно право, прв се обрати Челси Шинор, правен советник на Амбасада на САД Скопје, кој ја потенцираше важноста и потребата од функционална правна држава, како неопходност за остварувањетом на граѓанските права и слободи.

Поздравно обраќање имаше и академик Таки Фити, претседател на МАНУ, додека во името на Владата, на свечениот чин на отворањето, се обрати и учесниците ги поздрави Арбер Адеми, министер за образование и наука.

 

 

Охридска школа по природно право, продолжи со работниот дел, под ментоорство на  академик Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ.

Работата на Школата ќе се изведува се до 7 јули, при што свои излагања  ќе имаат врвни експерти од областа на правото, економијата и науката од земјава и регионот, како и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Непосредни организатори се Охридска школа на природното право, односно Центар за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“.

До крајот на јули, во рамките на Научната и уметничка визита – Охрид 2019,  ќе се одржи Изложба на стари фотографии од Курт Хејлишер, со почеток од 9 јули, потоа  The Art of Power, оперска ноќ со Влатко Груевски – тенор и Андреја Наунов – уметнички соработник, пијано (15 јули), како и предавање на академик. Шабан Синани, потпретседател на Албанската академија на науките: „Кочо Рацин – Никола Ѓерѓ Миѓени, една балканска поетска паралела“ (26 јули).

Во рамките на летните активности на МАНУ, на истотоместо, во во Куќата на Уранија во Охрид, на манифестацијата Научна и уметничка визита Охрид – 2019, која трае и во август, ќе се одржуваат научни средби, изложби и промоции на членовите и центрите на МАНУ.

Веле Митаноски