Со предлог-законот за измени на Законот за празниците на Република Северна Македонија се воведуваат уште 10 нови празници.
Денеска предлог-законот ќе се разгледува на собраниската Комисија за политички систем, по предлогот на група пратеници за измена и дополнување на Законот за празниците.
Со овој закон, свој ден за славење ќе добијат Словенците, Унгарците, Полјаците, Балканските Египќани, Хрватите, Црногорците, Ерменците, Бугарите, Грците и Русите кои живеат во Македонија.
Со усвојување на предложените измени и дополнувања на Законот за празниците ќе се укине дискриминацијата и исклучувањето што го генерира Законот врз припадниците на заедниците кои се познати како „другите“ од Преамбулата. Во рамките на духот на градењето на концептот за развој на едно општество за сите и оваа категорија на граѓани ќе бидат рамноправни и со еднакви можности со другите граѓани кои имаат право да имаат свој неработен ден, што е значаен за соодветната сопствена историјата, културата и идентитетот на посебната заедница.