По ладното време следува голема промена температурите

Сподели

 

По вистинската есен која денес ја услови влажниот бран кој зафати најголем дел од државава и услови врнежи од дожд, од утрешниот ден па во следните денови температурите на воздухот ќе бележат тенденција на значителен и брз пораст па така на повеќе места истите ќе се искачат до околу 30 степени.

Во централните и во југоисточните предели и тоа особено за време на викендот истите се очекува да се искачат до околу 35 степени што значи дека и покрај големиот скор на температурите сепак нема да имаме некој екстремно високи температури на воздухот.

Времето ќе биде сончево со умерена облачност додека од петок па натаму повторно во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, не се исклучува можноста повремено и за локална појава на град – најави Славчо Поповски.