„Со последните случувања постои можност Македонија да влезе во нова политичка криза. Ова ќе се поклопи со едно општо разочарување во институциите, како и со засилените критики од меѓународната заедница за забавените реформи. Сепак, мислам дека последните случувања немаат сериозен капацитет за предизвикаат обемна криза, доколку институциите постапуваат по сите добиени наоди, односно ако профукнционира правната држава. Она што останува како потенцијал за криза е недостатокот на политички дијалог односно блокадата на пописот, законот за СЈО, изборниот законик, и другите проекти за кои е потребен политички дијалог. Ако тој изостане, можно е да влеземе во нова криза“.
Изјави, Петар Арсовски – политички аналитичар