Одобрен обвиненителниот акт за „Талир 2“ за незаконска изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

 

Кривичниот суд денеска на јавна седница го одобри обвиненителниот акт за случајот „Талир 2“ кој се однесува на незаконска изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

По оценетиот обвинителен акт ќе биде формиран предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување ќе биде закажан и термин за главна расправа, соопштија од Судот.

-Советот за оценка на обвинителен акт кој постапува по актот со НСК КО 15/18 од 22.11.2018 од обвинителството означен како „Талир 2“, на 10 и 11. 07. 2019 година одржа јавна седница во присуство на странките. По ценење на фактите и доказите изведени на седницата за оценка на обвинителниот акт советот донесе решение со кое актот го одобри во целост, писмено го изработи и го експедира до странките, се вели во денешното сооштение од Кривичниот суд.

Во случајот „Талир 2“ се обвинети Никола Груевски и Кирил Божиновски, кои, според СЈО, со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, иако правното лице во времето на обезбедување на услугата имало склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.