Николовски: Честит Илинден – заедно да продолжиме по патот на заедништвото

Сподели

Обраќање, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ

Денеска на овој голем ден, оддаваме почит кон нашите славни предци од Илинденското востание и од заседавањето на АСНОМ, кои што ги ставија темелите на нашата државност.

Како сериозна и одговорна партија, имаме чест и обврска, заедно со вас граѓаните, да го продолжиме тој пат, на слободата, демократијата, имтеграцијата и напредокот.

Остануваме силно посветени на градењето на едно општество за сите граѓани.
Остануваме силно посветени на нашите клучни цели, членство во НАТО и ЕУ.

Нека е честит и вековит 2 Август, денот на републиката.