Директен пренос од обраќањето на премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на Мечкин Камен во Крушево, по повод националниот празник 2.август – Илинден.
“Првиот Илинден е симбол на заедничката борба за слободна и автономна Македонија, а вториот на победата над фашизмот. Затоа, Мечкин Камен не треба да биде камен на сопнување, туку камен-темелник на помирување, заедништво и разбирање.
„Не треба да чекаме повеќе, време е да стануваме и да се биеме, сами ние Македонците да се бориме за земјата. Нема подобар начин да им се оддолжиме на нашите херои, освен со продолжување на нивните храбри дела, оживотворени во Крушевскиот манифест и решенијата на АСНОМ“, истакна Заев.
Продолжуваме да го негуваме концептот на едно општество и на заедништво, како наследство од Манифестот кое ги повикува соседите и пријателите на подобрар живот.
„Продлжуваме со политиките на надминување на поделбите. Сите ние, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми, …., сметаме дека е патриотска должност да се обединиме и помириме внатре“, порача Заев.