По супер успешниот концерт на „Долни сарај“ минатата година и летното уживање на плажа Cuba Libre од неодамна, проектот NUMB – Tribute to Pink Floyd, се сели во Градот на Конзулите.
Во четврток, на 29. август, со почеток по 21:00 часот, во Битола најавуваме ноќ посветена на еден од најголемите и највлијателните рок бендови воопшто во музичката историја, легендарните Pink Floyd.
Ќе уживаме сите заедно во 16 безвременски хитови на Pink Floyd, пропратени со спектакуларно видео и лајт шоу.
Зад проектот стои екипа од 11 музичари од Охрид и Струга: Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владомир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (сајзери), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко Танески (вокал) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали.
Ќе се изведат некои од највредните дела на култните Pink Floyd како „Shine on your crazy diamond“, „Learning to fly“, „Hey you“, „Another brick in the wall“ и уште 12 од најголемите хитови, кои го одбележаа музичкиот карактер и насока на една цела генерација.