Романија итно ќе воведе нов закон со кој се изрекува доживотен затвор за силување и педофилија, изјави денеска романската премиерка, Виорика Данчила.
Изјавата доаѓа откако ДНК-тестовите потврдија дека киднапираната девојка Александра Мачешаму (15), која исчезна на 24 јули, била убиена.
Случајот предизвика бес во Романија и изнесе многу недостатоци во полицискиот и судскиот систем во земјата.
Механичар (65) од градот Каракал на југот на земјата призна дека ги убил Александра и уште една осумнаесетгодишна девојка, која последен пат била видена жива во април.
– Ќе имаме нулта толеранција за недостиг на човечност и непочитување на граѓаните, рече премиерот Данчила, најавувајќи нови владини мерки.
Осудените педофили и силувачи сега се соочуваат со затворска казна од седум и 12 години, соодветно, а силувачите се осудуваат до 18 години затвор ако умрат нивните жртви.
Александра трипати го повикала европскиот број за итни случаи 112 и рекла дека е киднапирана, тепана и силувана, но на полицијата и биле потребни 19 часа за да го пронајде сторителот, во чиј дом пронашла коски и ДНК докази.