ЗАЕВ: Ќе се бориме до крај – верувам во транспарентни истраги

Сподели

 

Верувам во транспарентни истраги верувам во многу прецизни и брзи истраги, посебно за вакви случаи.

Јас, уште еднаш напоменувам, сум човекот којшто го пријави овој случај. Да не биде тоа заборавено. Денеска оваа политичка гарнитура, преку извршната власт, создаде услови правосудството, Јавното обвинителство, непречено да работи, без разлика дали некој бил газда на медиум којшто ја поддржувал власта, денеска тој е во притвор.

Во сите земји коишто создавале услови да владее правото, органите на прогонот да си ја вршат работата, никаде не било лесно, секаде било трауматично. И кај нас не е лесно, и е трауматично. Но, така ќе бидеме правна држава и држава којашто сите ја посакуваме.

Дојдов благодарение на гласот на граѓаните, борејќи се и за слобода и за демократија и за правна држава и за владеење на правото и за нормална земја. Ќе се бориме до крај затоа што секој што се инволвирал, секако ќе си носи одговорност.” – изјави премиерот Заев.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/1964181037016102/