На 20.август, во Античкиот театар со претставата Одисеј од Горан Стефановски, во режија на Александар Поповски ќе се затвори Охридско лето 2019 година.
ДК „Гавела“ – Загреб, Театар Улисис – Бриони, Српски народен театар – Нови Сад, СНГ Драма – Марибор, Ателје 212 – Белград, Стериин Театар и Театар Навигатор – Скопје
“Македонскиот режисер Александар Поповски и драматургот Дора Делбијанко препознаа во текстот на Стефановски простор за иронично отстапување од митот, за пародијата, фарсата па дури и бурлеската. Претставата „Одисеј“ според тоа не е едноставно жанровски да се дефинира – таа е некој вид на потсмев на Одисеј, кој го иронизира трагичниот пиедестал а истовремено ја задржува драмската тензија, полемизирајќи притоа за темите на војната геноцидот, силувањата на жени во војна, поствоениот хаос, цивилизациската пропаст како последица на воените пустошења.
Секако на свој начин, сите мечтаеме за некакво идеално прибежиште вистинско место каде што можеме да бидеме свои на своето, спокојни и исполнети. Веруваме дека тоа место некогаш сме го имале, но сме го изгубиле, па поради тоа упорно се обидуваме повторно да го пронајдеме убедени дека ни е ветено и дека имаме право на истото. За некого тоа прибежиште е детството, за некого првата младешка љубов а за некого периодот на староста. За Одисеја беше Итака. Како што старееме, оваа немирна потрага по конечното место постанува се подлабока и понеизвесна, се чини дека сѐ е нестабилно освен илузијата за стабилност која никогаш не нѐ напушта – нашата надеж. Човечката потреба за приказни е постојан копнеж за лов на таа илузија. Таа е посебно силна кај оние кај кои е Итака – Театар!
Горан Стефановски дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, на отсекот по англиски јазик и книжевност. По дипломирањето, Стефновски работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во 1986 година, станал професор по драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Пред смртта живеел и работел во Лондон. Стефановски бил член на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година, а во 2004 година станал член и на Македонската академија на науките и уметностите.
Почина во Кантербери, Велика Британија, на 27 ноември 2018 година, по кратка и тешка болест.
Драмите на Горан Стефановски имаат нешто заедничко: преку трагедијата на едно семејство, Стефановски ни ја предава историјата на македонскиот народ, со сите свои болки и рани, со социјалните неправди, политичките разидувања, стремежот за подобро утре. За своите драми, Стефановски бил добитник на повеќе награди.
Драматург: Дора Делбјанко
Сценограф: НУМЕН и Ивана Раденовиќ
Костимограф: Марита Ќопо
Автори на музиката: Фолтин
Улоги:
Oдисеј-Oзрен Грабариќ
Пенелопа-Aнита Манчиќ
Teлемах- Бранко Јордан
Aтина-Наташа Матјашец Рошкер
Зевс, Meнелај-Светозар Цветковиќ
Посејдон, Нестор-Борис Исаковиќ
Кучето на Одисеј, Калипса, Мајката на Одисеј- Jасна Џуричиќ
Meланта, Наусикаја, Кирка, Хекуба-Дијана Видушин
Просјакот, Детето од Имара, Киклоп, Астијанакс- Фрањо Дијак
Пејач, Тиресиј-Никола Ристановски