Традиционална крводарителска акција во Домот на АРМ

Сподели

 

Црвен крст – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, на 28 август, традиционално по 17-ти пат организира крводарителска акција во Домот на АРМ, од 09 до 17 часот.

Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можностите од недостаток на крв и крвни деривати.

Оваа акција веќе 16 години покажува резултати на голема хуманост на граѓаните на град Скопје.

Во 2003 година кога за прв пат беше организирана, бројката на крводарители беше 146, додека како резултат на нејзината традиција и препознатливост во 2018 година 264 граѓани ја покажаа својата хуманост со дарување на крв.

Вкупната бројка на реализирани крвни единици за овие 16 години е 3.708 крводарувања, или во просек 232 крводарители по акција.