Жерновски: Со “Европскиот корпус на солидарност” младите ќе аплицираат за проекти во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Сподели

 

Со вчерашната ратификација на Спогодбата за учество на нашата држава во “Европскиот корпус на солидарност”, младите луѓе од нашата држава ќе можат да аплицираат за проекти во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – напиша Жерновски на својот фб профил.
Младите лица, на возраст од 18-30 години, имаат можност да заминат во државите членки на ЕУ на волонтерски активности, во времетраење од  2-12 месеци. Сакам да напоменам, што е мошне битно, дека трошоците за сместување, храна, здравствено осигурување, патни трошоци и трошоци за виза се покриени со грант на “Европскиот корпус на солидарност”.
Дополнително, секој волонтер на месечно ниво ќе добива џепарлак во висина која е определена од страна на Европската комисија, за секоја држава поединечно (во зависност од тоа во која држава волонтерот ќе ги реализира активностите).
Доколку се работи за лице со посебни потреби, се доделуваат дополнителни средства за покривање на трошоците за лицето кое ќе го придружува.
Токму за ваквите придобивки ни беше неопходна интеграцијата во Европската унија. Чекориме одлучно кон ваквите вредности, бидејќи бенефитот е инвестиција во иднината на младите генерации.
Девојки и момци, повелете!
ФБ статус на Андреј Жерновски