Британија и ЕУ како пред Втората светска војна

Сподели

 

Пуч, длабока политичка криза, економска рецесија. Ова се главните оценки во Британија откако кралицата Елизабета Втора го одобри барањето на премиерот Борис Џонсон за прекинување на работата на парламентот. Овој потег беше очекуван по договорот на опозициските партии да го спречат излегувањето на Британија од ЕУ без договор – пишува РСЕ.

Демонстранти се собраа пред британскиот парламент, извикувајќи слогани со кои се осудува премиерот Борис Џонсон, откако неговото барање за прекинување на работата на парламентот беше одобрено од кралицата Елизабета Втора.

Лидерот на главната опозициска Лабуристичка партија Џереми Корбин упати и протест до кралицата. Но, таа одби да се инволвира, бидејќи, како што е соопштено, „кралицата е политички неутрална и за политичките прашања дејствува само по совет на нејзината влада“.

Според европратеникот Скот Ајнсли, станува збор за пуч кој мора да биде спречен.

„Мислам дека кралицата е ставена во многу тешка позиција. Таа е позната како монарх кој ги почитува желбите на премиерот, но овој премиер нема мандат. Знаете, 0,19 насто од населението дозволи овој нов премиер да го заземе своето место“.

Професорот по меѓународна политика во Бирмингем Скот Лукас вели дека сегашната катастрофа со Брегзитот со која се соочуваат Британија и Унијата е поголема од Втората светска војна, поголема од кризата во Суец во 1956 година и од војната во Ирак во 2003 година.

„Ова е обид, не само да се извади Британија од Европската унија, туку да се каже дека парламентот нема никаков збор во таа конечна одлука. И тоа е многу, многу опасен преседан“.

РСЕ