Прва конститутивна седница на Советот за безбедност

Сподели

 

Денеска во кабинетот на претседателот Пендаровски ќе се одржи првата конститутивна седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

Советот разгледува прашања во врска со безбедноста и одбраната на државата и дава предлози до претседателот, Собранието и Владата. Советот го раководи шефот на државата.

Националниот Совет за национална безбедност го сочинуваат девет члена. Покрај шефот на државата, по функција членови се и претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за надворешни работи Никола Димитров и за одбрана Радмила Шекеринска.