Мицкоски: Тоа што сте си дробеле, тоа и ќе сркате

Сподели

 

“Aко се надеваат на некакво ново Пржино, некаков нов договор на кој ќе се повтори реприза на ослабеното ВМРО-ДПМНЕ кое ќе потпишува се и сешто, надополнето со некој преторијанец во преговарачкиот тим, треба да знаат дека тој филм нема да го гледаат. Ви ветувам правда, а за правдата не планирам никаков компромис.

„Секој оној што се огрешил пред законите и се посрамотил пред граѓаните, нема милост – ќе одговара! Немојте попусто да се пенавите, да ја виткате кичмата и да молите за милост. Тоа што сте си дробеле, тоа и ќе сркате. Ќе бидете први соседи на таа што сега ја сместивте таму – Катица, Бојан Јовановски и Зоран Милески“, порача Мицкоски преку видео порака објавена на Фејсбук .