Ристовска: СЈО сeуште постои, сeуште функционираме

Сподели

 

За денеска обвинителката Ленче Ристоска најавува официјално соопштение на СЈО, во врска со предавањето на предметите на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Обвинителката Ристоска пред почетокот на рочиштето за „Талир“ изјави дека СЈО сè уште е живо.

„СЈО сeуште постои, сeуште функционираме. По законот, постои до 2020 година. Верувам дека ќе најдат начин, јас сè уште не губам надеж дека ќе се најде законско решение. Се бориме за сите вработени, за истражителите, за обвинителите“, изјави Ристоска.