Со химната на Република Северна Македонија учениците се запознаваат уште во прво одделение по наставните предмети општество и музичко образование, како и во петто одделение, каде што јасно стои во наставната програма по општество дека учениците преку интегрирани активности по музичко образование и по ликовно образование ги изработуваат симболите и ја учат химната на Република Македонија (наставна програма од 22 мај 2008 година) – стои во соопштението што Бирото за развој на образованието објавено на официјалната веб-страница.
Оттаму ги негираат дезинформациите дека химната била забранета да се изучува во основното образование.
“Истакнуваме дека при изработката на новите наставни програми нема никаква поврзаност, ниту умисла да се отстрани химната од наставните програми, туку и понатаму останува како и досега, таа да се изучува во основното училиште и да се изведува кога тоа го бара наставната програма или на различни свечени пригоди во училиштата “– велат од БРО.