Едногласно, со 102 гласа „за“ Собранието денеска го утврди предлогот за разрешување на Катица Јанева од функцијата специјалната јавна обвинителка. Од немнозинските заедници 27 пратеници гласаа „за“ и исто така немаше воздржани ниту против.
Предлогот за разрешување, Собранието ќе го достави до Советот на јавни обвинители кој ќе треба да свика седница на која ќе се потврди.
На 5 септември, Комисијата за избори и именувања зад затворена врата на 5.септември, едногласно и без дебата донесе заклучок да му предложи на Собранието да ја разреши Јанева, врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева поради нестручно, незаконско и несовесно работење.