“Јас навистина жалам што навистина никој до сега, ниту еден медиум не ја постави вистинската теза зошто беше моето патување во Будимпешта пред неколку месеци. Јас тогаш кажав дека моето патување во Будимпешта беше токму да се сретнам со големиот пријател на Република Македонија, господинот Орбан, бидејќи многу веројатно, а денеска тоа се потврди дека идниот комесар за проширување и добрососедска политика ќе биде токму на предлог на неговата партија Фидеш која што е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ”, изјави Христијан Мицкоски во интервју за МТВ 2.
Тој посочи дека со тоа сака да ги демантира сите зли гласини и отровни стрели коишто мегафоните на власта ги упатуваат кон него, бидејќи лично како човек, но и ВМРО-ДПМНЕ има единствен приоритет, а тоа е Македонија да ја види интегрирана во рамките на Европската унија.
“Тука нити имам јас дилема како човек бидејќи јас сум бил стипендист на влади на две силни европски државни. Ниту некогаш во животот ниту пак во иднина ќе скршнам од тој пат додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ, политиките на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат водени во таа насока”, потенцираше Мицкоски.
Тој нагласи дека за Република Македонија е добро што идниот комесар за проширување и добрососедска политика доаѓа од партија која што е сестринска на ВМРО-ДПМНЕ, партија која што е исклучително голем пријател на ВМРО-ДПМНЕ и на Република Македонија бидејќи е уверен дека ќе работи во насока на тоа да што побрзо граѓаните на Република Македонија и Македонија бидат дел од ЕУ.