Вашингтон Пост: Фејсбук групата „Ветераните за Трамп” беше хакната од бизнисмен од Северна Македонија0

Сподели

 

 

Страницата на Фејсбук „Ветераните за Трамп” во најголем дел од своето постоење беше токму она што се чинеше: Место каде што поранешните претставници на армиските служби го советуваа Доналд Трамп, разговараа за прашањата на ветераните и споделија конзервативни теми со своите повеќе од 100.000 следбеници. Се’ до март годинава кога “еден бизнисмен од Северна Македонија ја киднапира групата оставајќи ги Американците немоќно да гледаат како нивната страница започнува да работи под странска контрола, пишува “Вашингтон Пост” во приказната објавена вчера.

Во приказната е вмешан и братот на адвокатот од Велес,Трајче Арсов, за којшто ИРЛ и партнерите од Проектот за известување за организиран криминал и корупција и Базфид веќе обеледонија дека е вистинскиот сопственик на најпуларниот веб сајт од т.н. наречената велешка фабрика за лажни вести. Велешаните се прославија со претседателските избори во САД во 2016 година за што во матичните и други земји беа истражувани за можно влијание врз кампањата, по јавните прозивки дека тие му помогнале на Трамп да ја добие претседателската битка ширејќи лаги за неговите опоненти и конзервативна пропаганда во линија на неговите политики.

Клучна алатка во ширењето на пропагандата им беа фејсбук страниците од кои некои достигаа и до 2 милиона следбеници. По голем притисок од јавноста Фејсбук ги затвори овие страници, а со тоа им наштети финансиски на Трајче Арсов, брат му и стотици како нив кои заработуваа од претежно десна и конзервативна пропаганда. Но, се чини дека нашле нови начини како да допрат до посакуваната публика во САД, открива Вашингтон Пост.

Целиот текст на ИРЛ можете да го прочитате тука.