Средба на претседателот Пендаровски со Карл-Хајнц Ламберц

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски, денеска оствари средба со Карл-Хајнц Ламберц, претседател на Европскиот комитет на регионите.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство за посетата, која е поддршка на аспирациите на државата за членство во Европската унија.

На средбата претседателот Пендаровски го реафирмираше очекувањето дека Европскиот Совет во октомври ќе одреди датум за почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во Европската унија, што според претседателот Пендаровски, ќе биде поттик за натамошно интензивирање на реформскиот процес, а во функција на севкупниот напредок на државата.

 

 

Двајцата соговорници ја истакнаа важноста на процесот на децентрализација и на соработката на локално ниво меѓу градовите и регионите, како важен предуслов за адресирање на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, меѓу кои климатските промени, енергетската ефикасност, животната средина и безбедноста.

Претседателот Пендаровски оцени дека посетата на претседателот на Европскиот комитет на регионите на Северна Македонија претставува можност за натамошна соработка и пренесување на искуства, а во функција на подготовка на единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија за идното членство на државата во ЕУ.