Радев: Напредокот на Комисијата за историски прашања услов за поддршка на Македонија

Сподели

 

Бугарскиот претседател Румен Радев пред бугарската комисија задолжена за решавање на историските прашања со нашата земја, порача дека Бугарија не може да биде безрезервен поддржувач на евроинтеграциските процеси на Македонија ако Комисијата не е сигурна дека сите спорни прашања ќе се затворат до денот кога ЕУ треба да се изјасни за евентуално доделување датум за почеток на преговори за членство со Македонија.

-” Напредокот во вашата работа е основен критериум за исполнувањето на Договорот за добрососедство. Последната средба на Комисијата создава неспокојство. Темпото на напредок во работата на Комисијата заостанува зад развојот на процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија. Следниот месец може да биде клучен во нашите односи, зашто Советот на ЕУ може да донесе решение за започнување на преговорите за членство со Северна Македонија. Ако вие можете да дадете гаранција дека за еден месец Комисијата ќе ги реши сите спорни прашања, тогаш бугарската Влада може да продолжи со политиката на безусловна поддршка на членството на Северна Македонија во ЕУ. Но, ако не може да се даде таква гаранција, Владата треба да преземе конкретни мерки и да заземе нова позиција со јасни критериуми за заштита на бугарскиот национален интерес кои ќе ја засегаат и преговарачката рамка за Република Северна Македонија. Нема да допуштиме нерешени меѓусоседски проблеми да бидат внесени во нашето европско семејство” – изјави Радев.