Социјалдемократскиот сојуз денеска и го честиташе роденденот на ривалската, владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ со видео во кое главен протагонист е поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.
Во видеото, се изнесени податоци за економската состојба на земјата, а истите се поткрепени со контрадикторните изјави од прес-конференции на Ставрески, како и неговите реплики од „бомбите“, во кој тој за задолжувањата и владината економска политика разговара со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
http://meta.mk/sdsm-so-video-mu-go-chestitashe-rodendenot-na-vmro-dpmne/