Серија земјотреси ја тресеа Албанија викендов. Повредени се стотина лица, а дел од инфраструктурата е тешко оштетена.
На стотина лица во Тирана и Драч, според Министерството за здравство, им е пружена здравствена помош во болниците. Во повеќе градови и села дошло до прекин на електричната енергија и телефонските линии.
Многу луѓе во главниот град на Албанија, Тирана и во Драч не смееле да се вратат во нивните домови поради бројните дополнителни потреси кои уследија по земјотресот од 5,4 степени во кој беа повредени над 100 луѓе, а стотина згради биле уништени.
Инспекторите вчера ги проценуваа оштетените градби. На некои жители на Тирана им било кажано воопшто да не се враќаат во своите станови кои беа проценети за небезбедни.
Албанскиот премиер Еди Рама ја откажа планираната посета на САД. ш.