ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

Од денеска почнува есента на северната хемисфера, а истовреме на јужната хемисфера почнува пролетта. Есента ќе трае до 21 декември, кога настапува зимата.

На првиот ден од есента, Сонцето во Скопје изгреа во 6:20 часот, а ќе зајде во 18:32 часот. Денот ќе трае 12 часа и 12 минути.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат проследени со ретки грмежи. Во Скопје и околината слично време.

Дневната температура во земјава ќе се движи од 18 до 29 степени.

Врнежи ќе има и во вторник, кога на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.