Пендаровски: Сите страни кои учествуваат во креирање на законот за ЈО да се надминат себе си

Сподели

 

Претседателот Пендаровски смета дека работните групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ се многу блиску до договор за законот за јавно обвинителство ако има политичка волја.

“Разликите за законот што се преостанати се толку мали што треба сите страни кои учествуваат да се надминат себе си и да најдат решение час поскоро во интерес на граѓаните” – изјави Пендаровски.

– “Ако не го донесеме тој закон нема да биде проблем за да добиеме датум за преговори во октомври. Со одлуката да се трансферираат предметите од СЈО во ЈОРСМ тој проблем е решен во овој период. Но се разбира многу е битно да имаме нов закон за јавно обвинителство со кој некогашната СЈО ќе биде и системско регулирано за да може да продолжи по предметите заради нас, заради државата. Битно е СЈО да биде дел од редовниот систем на обвинителството и во таа смисла апелирам до политичките лидери да се договорат што е можно побрзо”, рече Пендаровски.