Денеска во Охрид, во организација на Филозофскиот факултет – Скопје и Националната галерија, ќе се одржи меѓународната конференција „На крстосницата на културните идеи: Македонија, Балканот, Југоисточна Европа – наследство, менаџмент, ресурси“.
На конференцијата, како што информираат организаторите, ќе учествуваат четириесеттина реномирани истражувачи на културното наследство од земјата и странство, меѓу кои истражувачи од Србија, Словенија, Бугарија, Романија, Германија, Франција, Шпанија и Израел.
Настанот ќе трае до 26.септември.