Проект за ангажирање волонтери-водичи на пациенти во кампусот „Мајка Тереза“

Сподели

 

Во кругот на Комлексот клиники „Мајка Тереза“ денеска ќе биде промовиран проект за ангажирање волонтери-водичи на пациенти, кои ќе им помагаат на граѓаните полесно да се снајдат во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“.

Пензионирани медицински сестри, лекарка и млади волонтери кои од 8:30 до 12:00 часот ќе бидат присутни на неколку локации во комплексот „Мајка Тереза“.

Проектот се реализира во соработка на министерството за здравство и Црвениот крст. На промоцијата ќе присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче и генералниот секретар на Црвен Крст на Република Северна Македонија, Саит Саити.