Апелацискиот суд одлучи: Боки 13 останува во притвор

Сподели

 

Апелацискиот суд донесе одлука Бојан Јовановски да остане во притвор.

Судот не ја прифати неговата жалба за укинување на мерката притвор, иако отпаднала можноста Боки 13 да влијае врз сведоците, судиите одлучија дека тој треба да остане во притвор поради опасност од бегство.

Адвокатите на Бојан Јовановски најавија и жалба откако му беше продолжен притворот по вторпат. Тие веќе посочија дека постои олеснителна околност поради тоа што е завршена истрагата на обвинителката Вилма Русковска.

Одлуката на Апелација доаѓа откако Боки 13 вчера во образложението пред судиите рече дека неговата здравствена состојба е лоша, а условите во притвор не дозволувале да изврши соодветен медицински третман.

Бојан Јовановски е 82 дена во притвор во „Шутка“, заедно со поранешната шефица на СЈО Катица Јанева. Единствениот обвинет во предметот „Рекет“ на кому му беше дозволено да оди во домашен притвор е Зоран Милески – Кичеец.