Јанева задржана во “Жан Митрев” во прединфарктна состојба

Сподели

 

Катица Јанева во прединфарктна состојба задржана во приватната клиника „Жан Митрев“.

Докторите, утврдиле дека Јанева е со висок ризик од инфаркт и предложиле во болницата да остане уште три дена за да се извршат дополнителни прегледи.

„Има висок притисок и општа анксиозност, здравствената состојба и е многу лоша“, изјави адвокатката Фрчковска пред Јанева да биде задржана во болница.

Адвокатката не сакаше да го коментира обвинението. Во однос на наводите дека била понудена спогодба, Фрчкоска кажа дека формално немаат доставено предлог за спогодба, а изнесувањето на вакви информации ги сметаат за начин „да се ослабнат позициите на Јанева во постапките пред судовите и во јавноста“.