Македонска филхармонија: “Ќе се разбудам ли пак” во чест на Коларовски

Сподели

 

Kонцерт под наслов “Ќе се разбудам ли пак”, на кој ќе бидат изведени дела од Дебиси, Копланд и од Коларовски, ќе одржи Македонска филхармонија денеска на 17. октомври.

Концертот го носи името на вокалниот циклус на Гоце Коларовски (1959-2006), чија “Симфонија” ќе биде дел од програмата, а со нејзината изведба Македонска филхармонија ќе одбележи 60 години од раѓањето на овој значен македонски композитор.

 

 

Диригент: Сашо Татарчевски
Солист: Пабло Бараган – кларинет (Шпанија)
Солист: Владимир Саздовски – бас
Програма:
К. Дебиси: Прва рапсодија
А. Копланд: Концерт за кларинет и оркестар
Г. Коларовски: Симфонија*
*60 години од раѓањето на композиторот

 

“Музичкиот опус на Коларовски е автентичен и препознатлив и во него доминира суптилен израз, кој вешто ротира околу современата естетика изградена на интересни созвучја. Симфонијата за оркестар, солист и ансамбл баритони е негова дипломска работа и во неа може да се почувствуваат никулци на она што подоцна во своето творештво ќе го развие како автентичен музички израз и јазик”. – Македонска филхармонија.