Премиерот Зоран Заев денеска треба да сведочи за своите сознанија за нелегалното прислушување од УБК, за случајот „Таргет-Тврдина“, во времето кога директор беше Сашо Мијалков..
Сведочењето на Заев ќе следува откако пред две недели заврши со исказ поранешниот разузнавач и негов советник, Зоран Верушевски. До сега во овој случај сведочеа и двајцата свиракачи од УБК, Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски.
Во Таргет-Тврдина првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, како и поранешната министерка Гордана Јанкулоска.