Коѕијас: Потребна е активна политика и иницијативи од Грција по ветото

Сподели

 

“Грција треба да преземе иницијативи и да се сретне, да разговара, да се координира со земјите кои што го делат истиот став за стабилноста на Балканот во однос на европската перспектива на Северна Македонија”, рече претседателот на движењето „Прато“ и поранешен министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, за време на конференцијата „За прогресивна надворешна политика“, организирана од Институтот за алтернативни политики „ЕНА“, jави дописничката на МИА од Атина.

-“Јас верувам дека Грција треба да преземе иницијативи. Грција треба да одржи средби со други држави кои се со истиот став за стабилност на Балканот. Треба да ја поддржи италијанската иницијатива”, рече Коѕијас и истакна дека и тој лично заедно со неговите пријатели министри за надворешни работи и поранешни министри ќе преземат иницијативи за европската перспектива на Северна Македонија.