Ново рочиште за „Монструм“

Сподели

 

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за случајот „Монструм“.

Случајот „Монструм“ е веќе во доказна постапка и се изведуваат над 133.000 СМС-пораки и други транскрипти, предложени како дополнителни докази од Обвинителството.

Застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, а судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев.