Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на Твитер објави дека 27 земји членки на ЕУ се согласиле да го одложат излегувањето на Британија од ЕУ, до крајот на јануари 2020.
Британскиот парламент денеска треба да се изјасни по предлогот на премиерот Борис Џонсон за распишување на предвремени парламентарни избори.