Димитров: Би ми било срам да сум ВМРО-ДПМНЕ и да изговорам ЕУ

Сподели

 

На седницата на Комисијата за европски прашања, Димитров се осврна на критиките од страна на опозицијата и порача дека нивните изјави се политичка дрскост, затоа што тие ништо не направиле за да ја приближат Македонија кон Европската унија и НАТО.

„Вакви изјави доаѓаат од луѓе кои нѐ закопаа и тапкаа за да не можеме да излеземе од таа состојба. Ќе ми биде срам да сум на нивно место и да зборувам за Европската унија, безобразно и дрско е”, порача шефот на македонската дипломатија и порача дека поради ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не може да се изгласа важниот Закон за јавно обвинителство.

Меѓу другото, Димитров порача дека Македонија ќе продолжи со реформите и ќе им докаже на скептичните земји дека процесите носат резултати кои треба да резултираат со добвање на датум за преговори со Европската унија, нешто што требало да се случи одамна.

По говорот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, пратениците од оваа партија ја напуштија седница на собраниската Комисија за европски прашања, на која се дискутира за тоа што земјата не доби датум за преговори со ЕУ.

-Нема да учествуваме во оваа пародија. Утре имаме Комисија за надворешна политика и таму е местото за дискусија за овој неуспех на владата. Ви посакувам пријатна забава денеска – рече Антонио  Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.