Собранието се распушта на 11. февруари и ќе се распишат предвремени парламентарни избори

Сподели

 

Собранието на Република Северна Македонија ќе се распушти на 11. февруари, а веднаш потоа претседателот на законодавниот дом Талат Џафери ќе ги распише предвремените парламетрани избори кои треба да се одржат на 12 април.

Претседателот Џафери соопшти дека на ден по распуштањето на Собранието, ќе бидат распишани и изборите, односно како што предвидува Уставот, 60 дена до денот на одржување на истите.

„До мене треба да стигне барање за распуштање на Собранието. Уставот кажува дека изборите треба да се одржат во рок од 60 дена од распуштање на Собранието. Ако барањето стигне по 11 февруари, го одложува датумот за одржување на изборите“, изјави денеска Џафери.