Национална конференција за рак на дојка: „Има живот и после ракот, научи како да го живееш”

Сподели

 

Под мотото „Има живот и после ракот, научи како да го живееш” се одржа 12 годишна Национална конференција за рак на дојка. И оваа година, од говорниците беше испратена силна порака до сите жени дека превенцијата, раното откривање и редовните прегледи е основниот и првиот чекор во борбата против ракот на дојка, информираат од Здружението „БОРКА – за секој нов ден“.

“Набавивме иновативна, биолошка терапија која претставува значаен чекор и најсилниот удар во борбата против ракот, вклучително и ракот на дојка;

Воведовме новина, двојно читање на мамографиите од два независни радиолози кои имаат искуство во читање на мамографии од минимум 800 пациенти;

Мамографскиот скрининг се организира согласно Европските насоки за обезбедување квалитет, со цел максимално зголемување на стапката на детекција на ракот на дојката и тоа во најраната можна фаза;

Правиме сѐ, онколошките пациентите што подобро и побрзо да го надминат тешкиот период. Чест ми е што синоќа бев дел од дванаесеттата Национална конференција за рак на дојка во организација на Здружението „Борка“, со фокус на биолошката терапија, за пациентите кои се лекуваат од рак на дојка” – изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Изминативе 12 години, Здружението за борба против рак на дојка „БОРКА – за секој нов ден“ активно се борат за остварување на правата на пациентите во здравствениот систем. Како полноправен член на најголемата европска асоцијација Еуропа Дона (Еуропа Дона Македонија), тие веќе 12 – та година ја организираат Националната конференција за борба против ракот на дојка во Македонија, а со тоа и Македонија е дел од глобалната светска акција – изјави Биба Додева, претседателката на Здружението за борба против рак на дојка „БОРКА – за секој нов ден“ .