Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници вечерва во Јавна соба, ќе ја додели наградaта „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“ 2019.
Со темата „Како до медиуми кои го третираат новинарството како јавно добро?“ ќе започне панел дискусијата, а потоа ќе биде доделена наградата.
-Медиумите се платформата преку која новинарите и медиумските работници комуницираат со граѓаните и без слободни медиуми кои го разбираат концептот на јавно добро и јавен интерес, не е можно остварување на потребното влијание за исполнување на главната функција на новинарството, наведува ССНМ.
ССНМ ја доделува во партнерство со Македонски институт за медиуми – МИМ, Институтот за комуникациски студии и Media Diversity Institute од Лондон во рамки на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“, поддржан од ЕУ.